сончево време

Денеска променливо облачно време, утре пад на температурите

Во нашата земја денеска ќе преовладува променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, над 20л/м2, проследени со локална појава на грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи во интервалот од 12 до 22 степени Целзиусови.

Поради продор на постудена воздушна маса, утре на планините и на некои повисоки места претежно во северните делови, врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер над 60 км/час, а дневните температури значително ќе опаднат, особено во северните делови. Во следните два дена, понеделник и вторник, времето ќе биде ќе биде стабилно со пораст на дневните температури.

Прочитајте повеќе

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

Од ССНМ и од ЗНМ велат дека Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 …