Денеска свежо, утре попладне локален пороен дожд

Денеска свежо, утре попладне локален пороен дожд

Во нашата држава времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервалот од 18 до 25 степени.

За време на утрешниот празничен ден, претпладнето ќе имаме сончево време, со мала облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието од југоисточен правец. Попладне ветерот ќе се промени во северен и во горниот дел на Повардарието ќе засилува. Дневната температура ќе се движи од 19 до 25 степени Целзиусови.

 

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …