Денеска Владата ќе ја одржи редовната 38 седница

Денеска Владата ќе ја одржи редовната 38 седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 38 ма седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
На оваа седница на разгледување и усвојување ќе биде ставена Предлог-програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2021 година.
На предлог на Министерството за здравство Владата денеска ќе ја разгледа Предлог – Националната годишна програма за јавно здравје во Република Северна Македонија за 2021 година.
Министерство за труд и социјална политика за дневниот ред на оваа седница ги предложи Предлог-програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2021 година, како и  Предлог-програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2021 година.
На денешната седница на Владата е и точката Предлог-годишна програма за финансирање на железничката инфраструктура за 2021 година, како и Бизнис планот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје за 2021 година со Инвестициона програма.
Владата денеска ќе расправа и по Предлог-програмата за промоција и поддршка на туризмот за 2021 година и за Програмата за работа на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2021 година со финансиски план.
Седницата започнува во 12:00 часот.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …