Денеска во Брисел започнуваат преговорите за полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ

Денеска во Брисел започнуваат преговорите за полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ

По 17 години кандидатски статус, Република Северна Македонија денеска, 19 јули 2022 година, во Брисел ги започнува преговорите за полноправно членство во Европската Унија. Започнувањето на преговорите ќе биде означено со одржување на првата меѓувладина конференција закажана за во 9:30 часот во Советот на Европската Унија, на која како предводник на македонската делегација ќе се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски.

Според агендата денеска пред одржувањето на меѓувладината конференција, премиерот на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски заедно со премиерот на Албанија, Еди Рама ќе се сретнат со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и премиерот на Чешка, Петр Фиала како претставник од чешкото претседателство.

Во рамките на историската посета на Брисел за денеска попладне е најавено и започнувањето на скринингот за Република Северна Македонија и работен ручек на премиерот Димитар Ковачевски со еврокомесарот за проширување и добрососедски политики Оливер Вархеји, на кој ќе присуствуваат и двете делегации.

Како дел од официјалната владина делегација во Брисел отпатуваа првиот вицепремиер Артан Груби, заменикот на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, како и министрите за надворешни работи Бујар Османи, за внатрешни работи Оливер Спасовски, за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити и други високи претставници на Владата кои се придружувани од амбасадорката Агнеза Руси Поповска, шеф на Мисијата при ЕУ.

Прочитајте повеќе

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Два милиони евра се одлеале од општините и министерствата во Северна Македонија за една година само за адвокатски …