Пензионери во парк пензии

Денеска започнува дијалогот за зголемување на пензиите и новата методологија

Од страна на Министерството за труд и социјална политика и другите ресорни министри, за денеска е закажан првиот состанок на кој ќе се разговара за методологијата која ќе понуди одржлив и континуиран раст на пензиите во иднина. Воедно, се очекува методологијата да ја одржи постигнатата стабилност на пензискиот фонд.

Процесот ќе се одвива низ отворен дијалог и меѓусебно разбирање на сите засегнати страни, исто како што се одвиваше и процесот врзан за покачување на минималната плата, процес кој заврши во историски договор постигнат на задоволство на сите страни, истакна премиерот Ковачевски.

„Во однос на методологијата, ние имавме веќе едно покачување на пензиите, следува и уште едно покачување, меѓутоа низ досегашните разговори и барања на асоцијациите на пензионерите како и низ анализите кои претходно беа правени веќе се пристапи кон разговори од кои што треба да произлезе нова методологија за пораст и усогласување на пензиите. Тоа е значајно затоа што на таков начин ќе може да се обезбеди континуиран и соодветен раст на пензиите, бидејќи пензионерите тоа го заслужуваат“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Премиерот потенцираше дека веќе се прават анализи и во однос на пакет финансиска поддршка на пензионерите, земајќи предвид дека се наоѓаме во енергетска криза којашто предизвикува и негативни економски последици. Анализите ќе овозможат да се дефинира како износот, така и износот по различна категорија на висина на пензиите.

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …