Дезинфекција на крушевските институции од Ковид-19

Дезинфекција на крушевските институции од Ковид-19

Центарот за јавно здравје од Прилеп, денеска во Крушево вршеше дезинфекција на СОУ „Наум Наумовски Борче“, ООУ „Никола Карев“, ЈОУГД „Гонча Туфа“, Фондот за здравство, Агенцијата за вработување и локалната самоуправа.

Со оваа активност продолжува процесот на преземање мерки за спречување на ширење на корона вирусот. Претходно се чистеше центарот на градот, Црвениот крст објави повик за волонтери кои ќе помагаат во набавка на неопходни производи за стари и изнемоштени лица, а градоначалникот ги откажа отворените денови. Крушевскиот пазар престанува со работа, скратено е работното време во локалната и други државни институции, Општината отвори телефонски линии за помош на старите лица, но и за итни потреби на сите граѓани, додека народната кујна ќе ја доставува храната до домовите на примателите. Покрај овие, Општина Крушево презема и други мерки во насока на заштита на здравјето на граѓаните од корона вирусот.

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …