Џо Бајден е новиот претседател на САД: Америка беше тестирана и излеговме посилни

Џо Бајден е новиот претседател на САД: Америка беше тестирана и излеговме посилни

Новиот претседател на САД, Џо Бајден вчера стапи на функцијата, откако го одржа својот говор на полагањето заклетва. Тој порача дека Америка ќе ги обнови сојузништвата и ќе биде пример за сите. Главната порака на церемонијата на положување заклетва беше за обединување на земјата.

„Знам дека силите кои нè разделуваат се силни и се реални. Но исто така знам дека тие не се нови“, рече Бајден. „Историјата, вербата и разумот ни го покажуваат патот на обединувањето. Можеме да гледаме еден кон друг не како непријатели, туку како соседи. Да се однесуваме еден кон друг со достоинство и почит“, порача Бајден.

Тој додаде дека ова „е нашиот историски момент на криза и предизвик и единството е патот кон иднината. И мора да се соочиме со овој предизвик како Соединети Американски Држави. Ви гарантирам дека ако го направиме тоа, нема да потфрлиме“.

Со раката положена Библија што ја држеше неговата сопруга Џил, а пред претседателот на Врховниот суд на САД, новоизбраниот американски претседател положи заклетва на церемонијата на стапувањето на функцијата на скалите пред Капитол Хил, во Вашингтон, со што стана 46-от претседател на САД.

„Денеска го славиме триумфот, не на кандидат, туку на кауза – кауза на демократијата. Се слушна волјата на народот и се посвети внимание на волјата на народот. Повторно научивме дека демократијата е скапоцена. Демократијата е кревка. И на овој час, мои пријатели, победи демократијата. Порака до светот: Америка беше тестирана и излеговме посилни. Ќе ги обновиме сојузништвата и ќе водиме не само со примерот на моќта, туку и со моќта на примерот. Ќе бидеме партнер за мир, просперитет и безбедност“, порача Бајден.

Пред Бајден, заклетва положи Камала Харис, која е првата жена и првa Афроамериканка на функцијата потпретседател на САД.

Церемонијата на положувањето заклетва, ја отвори сенаторката Ејми Клобучар која во инспиративниот говор наведе дека „ова е денот кога нашата демократија ќе се врати и кога Америка ќе се врати“.

На церемонијата присуствуваа поранешните претседатели Џорџ Буш Помладиот, Бил Клинтон и Барак Обама, со сопругите, досегашниот потпретседател Мајк Пенс, како и други високи претставници на политичкиот, економскиот и јавниот живот на САД, но отсустуваше досегашниот претседател Доналд Трамп. Тој денеска ја напушти Белата куќа и и’ се обрати на јавноста од воената база Ендрјус.

Прочитајте повеќе

Затвореници во руски притвор земале двајца вработени како заложници, бараат автомобил и бесплатен премин

Затвореници во руски притвор земале двајца вработени како заложници, бараат автомобил и бесплатен премин

Шест затвореници во притворен центар во руската област Ростов зеле како заложници двајца вработени во …