Димитар Димитров

Димитар Димитров: Доблесни политички субјекти не прифаќаат идентификација со обвинет

Од колумната на проф.Димитар Димитров:

„Обвинението против неговиот престап го идентификува со напад од странски сили (персонализирани во „Ванхојтевци-Катици“) против државата, во духот на : „Државата – тоа сум јас“, потврдувајќи го идентитетот на реалноста лидер-партија-држава-нација-Македонија. Надвор од тој идентитет, покрај СЈО, остануваат и СДСМ, и етничките Албанци.

Доблесни политички субјекти, кои ги почитуваат Уставот и законите (да не зборуваме за елементарните етички принципи), не прифаќаат ваква идентификација со осомничен/обвинет, туку промптно потегнуваат процес на индивидуална одговорност, за да се избегне имено таа идентификација на осомничен/обвинет со организацијата/колективот.

Во нашиот случај ВМРО-ДПМНЕ застана зад одбраната на лидерот. За да го спаси него и неговите крими-партнери од решетки, избра да ја стави зад решетки државата. Направи сѐ (вклучително атентат врз Собранието) за да го спречи конституирањето на новата власт и воспоставувањето на уставниот поредок.

Така, објективно, партијата го продолжува/„повторува делото“ на злосторничкото здружение и се самоуништува како политички субјект. Притоа применува тактика на нападот како најдобра одбрана, сублимирана во „идеологијата“ на почесниот лидер, според која државата/нацијата се идентификува со клиентите на СЈО и (по санкционирањето на насилството врз Собранието), на Јавното Обвинителство“.

Целата колумна читајте ја ТУКА

 

Прочитајте повеќе

уставен суд

Балансерот укинат, доаѓа нов Закон за правична застапеност

Претседателот на Уставен Дарко Костадиновски кажа дека балансерот како алатка е исцрпена и оти ги …