Димитров: „Без разлика кои сме и во што веруваме или за што се залагаме, климатските промени нé засегаат сите и нé обврзуваат подеднакво“

Димитров: „Без разлика кои сме и во што веруваме или за што се залагаме, климатските промени нé засегаат сите и нé обврзуваат подеднакво“

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, во присуство на министерот за животна средина и повеќе градоначалници, ја промовираа новата кампања „ЕУ со ТЕБЕ“ фокусирана на Европскиот зелен договор.

Вицепремиерот Димитров истакна дека заедничкото справување со климатските промени е израз на стратешкото партнерство на ЕУ и Западниот Балкан при што специфичноста на овие појави е аргумент повеќе за потребата од придвижување во процесот на пристапување и приближување кон европските стандарди.

Димитров: „Климатските промени и нивните последици не познаваат граници ниту разлика во статус на членство и кандидатски статус, но налагаат заедничка акција и солидарност и потврдуваат дека европеизацијата е важна и потребна – и за земјите кандидатки и за Европската Унија. Зелениот договор е израз на способноста на ЕУ како глобален актер да преземе одговорност, да предводи и да биде сила која влече за добро и за позитивни промени. Зелената агенда за Западниот Балкан може да стане реалност преку доследно спроведување на Акцискиот план на национално, но и на локално ниво, бидејќи ова е едно од оние прашања околу кои мораме политички да се надраснеме и да дејствуваме заедно. Здравата животна средина како област и основно човеково право во „Агенда: Европа дома“ е издигната на ниво на првиот кластер „Темели“, бидејќи овие прашања директно влијаат врз нашето здравје и квалитетот на нашиот живот како граѓани – без разлика кои сме и во што веруваме или за што се залагаме.“

Амбасадорот Гир нагласи дека Европската Унија може да помогне со нудење експертиза, совети и со значително финансирање во рамките на инструментите со кои располага: „Климатските промени не можат да се надминат преку одделни иницијативи – Европската Унија е подготвена да направи повеќе, но потребни се сеопфатни политики, со силна политичка посветеност и соодветни административни капацитети на национално и локално нивo, со вклученост на граѓаните и на изворните иницијативи.“

Кампањата има за цел да ја подигне свеста за Европскиот зелен договор и неговата клучна цел – да достигне нето нула емисии на стакленички гасови до 2050 година, со што Европа ќе стане првиот климатски неутрален континент, додека пак Северна Македонија е влучена во Зелената агенда за Западен Балкан, одобрена од лидерите на земјите од Западен Балкан на Самитот на Берлинскиот процес во Софија во 2020 година.

Прочитајте повеќе

обвинителство

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните …