Димитров во Вилнус на средба со литванската премиерка Ингрида Шимоните

Димитров во Вилнус на средба со литванската премиерка Ингрида Шимоните

По вчерашната посета на Латвија, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска во Вилнус продолжува со балтичката турнија. Посетата на Литванија Димитров ја започна утрово со средба со премиерката Ингрида Шимоните, со која разговараше за изгледите и предизвиците за отпочнување на пристапните преговори на Северна Македонија, а беа разменети мислења за актуелните состојби во земјите од двата региони.

Соговорниците се согласија дека прашањето за отпочнување на преговорите на Северна Македонија за полноправно членство во ЕУ има силни регионални реперкусии и геополитички импликации.

Димитров: „Процесот на проширување има и изразена безбедносна димензија – безбедноста и стабилноста на Западниот Балкан се интегрално поврзани со безбедноста и стабилноста на ЕУ и целиот европски континент.“

Беше заеднички констатирано дека секое понатамошно неефектуирање на европската перспектива на регионот и неизвесноста на намерите на ЕУ, создава вакуум кој што може да биде пополнет од други глобални актери и ја поткопува улогата на Унијата на меѓународната сцена, со што добива и безбедносни димензии.

Премиерката Шимоните потенцираше дека Литванија ќе продолжи активно да ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија.

Прочитајте повеќе

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

Од ССНМ и од ЗНМ велат дека Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 …