Дисциплинска постапка за Русковска, се бара нејзин наследник

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вели дека треба да се обезбедат докази за дисциплинската постапка за суспендираната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Комисијата за дисциплинска одговорност донесе решение за поведување дисциплинска постапка против шефицата на Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, која е под суспензија, како и против обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска информираше дека треба да се обезбедат докази за дисциплинската постапка за шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГК), Вилма Русоска, а потоа да се изјаснат обвинителите за кои се води постапката.

Во однос на тврдењата на обвинителката Рускоска дека четири години не бил правен надзор на работата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Јовески потврди дека подолго време не е направен надзор не само во тоа обвинителство, туку и во други, имајќи ги предвид состојбите со Ковид-19.

„Да, во овој период беше извршен надзор во определени обвинителства, но само онаму каде што тоа го налагаа потребите“, рече Јовески.

Оглас по нов закон

Републичкиот јавен обвинител врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, минатиот месец донесе решение за суспендирање на Рускоска додека трае кривичната постапка поведена против неа по иницијатива на поранешниот Арафат Муареми, за претресот на 18 јули во Управата за финансиска полиција.

Овој претрес доведе до отворен судир меѓу двете институции кој резултираше со дисциплинска постапка и суспендирање на Русковска, додека Муареми замина од директорската функција. Мандатот на Русковска истекува во ноември, а нејзините предмети во меѓувреме се прераспределени кај други обвинители.

На 31 октомври обвинителите ќе бираат шеф на обвинителството за организиран криминал, со оглед на тоа дека законот предвидува 60 дена пред истекот на мандатот да се распише оглас. Ова ќе биде прв избор за прв човек на Обвинителството за организиран криминал по новиот закон, според кој за првпат сите обвинители ќе имаат можност на непосредни избори да гласаат за некој од пријавените кандидати.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …