СДСМ

До 18.00 часот гласале над 40.000 членови на СДСМ, односно 78,5 отсто од регистрираните

На еден час пред затворањето на гласачките места, до 18.00 часот, на вонредните избори за претседател на СДСМ гласале 40.220 членови, односно 78,5 отсто од активно регистрираните гласачи.

Гласањето тече мирно, демократски на сите 194 гласачки места во сите 80 општини.

СДСМ избира претседател на очиглед на целата македонска јавност.

По затворањето на гласачките места во 19.00 часот и по обработка на податоците, Централната изборна комисија ќе ги соопшти резултатите од вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ.

Прочитајте повеќе

Филипче Радовиш

Филипче од Радовиш: Не смееме да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да нè враќа назад

Ниту една грешка на СДСМ не е толку голема за да го оставиме ВМРО-ДПМНЕ да …