До 9.000 евра за семејствата на жртвите од автобуската несреќа кај Ласкарци

До 9.000 евра за семејствата на жртвите од автобуската несреќа кај Ласкарци

Повредените и семејствата на жртвите во несреќата од 13 февруари кај село Ласкарци треба да ги обезбедат потребните документи и да ги достават во осигурителната компанија „Еуросиг“ за да добијат оштета. Овој повик го упати директорот на компанијата, Кадри Моринај кој изрази сочувство до семејствата на настраданите.

-Упатив апел до семејствата да достават документација што поскоро. По три дена компанијата ќе изврши исплата. Им посакувам што поскоро закрепнување – изјави Моринај.

За повредените ќе се исплатат од 4.500 евра, а за семејствата на настраданите до 9 илјади евра.

-Оштетата ќе се врши според возраста и случаите, така како што предвидува законот – додаде Моринај.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Горива бензини дизел

СДСМ: Власта веднаш да ги намали цените на горивата во Македонија по падот на светските берзи

Соопштение за јавност на СДСМ По падот на цените на светските берзи власта веднаш да …