Ерол Ризаов

До каде стаса операцијата за спасување на Македонија

Секое непотребно одолговлекување, или избрзување со предвремени избори се казнува на изборниот ден. Дали ВМРО-ДПМНЕ навистина посакува брзи избори, или само одржува тензија?

Пишува: Ерол Ризаов

Специјалната операција на ВМРО-ДПМНЕ за спасување на Македонија од „катастрофалната власт“ имаше лош старт со блокадата на Собранието. Како што и се предвидуваше, не се случи ништо досега невидено, неприменето, а секогаш неуспешно, докажано низ практиката и досегашните искуства. Нова е само додавката „активна“, што ја означува старата добро позната доктрина – блокада на парламентот по потреба само на партијата. Добро е што дојде до брзо согледување, а тешко признавање на оваа јалова работа. Лошо е што повторно е одбрана митингашка добро позната сценографија. ВМРО-ДПМНЕ како нови порадикални чекори одбра да организира голем протестен марш во Скопје на 18 јуни.

Ќе треба уште некое време да се напушти целосно блокадата на Парламентот и тој да функционира најнормално, како што прилега на парламентарна демократија. Тешко е да се поверува дека Христијан Мицкоски, по најновата радикализација со митинзи, може да препознае дека токму нормалното функционирање на Парламентот би било нешто ново, досега ретко видено кај нас, и дека тоа е најмоќното демократско оружје за предвремени избори. Се разбира, доколку навистина опозицијата сака брзи избори, што во оваа ситуација пред зимата и не е најпаметно.

Дури и есенва да се одржат предвремени избори и да победи ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да настапи со јасен став

Во тој случај, партискиот врв и Христијан Мицкоски би морале да излезат пред јавноста со јасен став за најзначајните прашања од државен интерес кои не ќе може повеќе да се затскриваат и да се менуваат според дневно политичка потреба. На пример, како и со кои мерки ВМРО-ДПМНЕ подобро ќе го реши ударот на увезената инфлација и на последиците од енормното поскапување на сите енергенси чиј најсилен бран допрва се очекува?

Можно ли е тоа без нови задолжувања на државата, како што тоа редовно се алармира? Како ќе се надоместат само со промена на власта на предвремени избори децениските грешки во капиталните инвестиции, во енергетиката, во реализација на стратегиите на развојот, во земјоделството, во образованието, во процесите на демократизација на општеството, во владеење на правото и сузбивање на организираниот криминал и високата корупција?

Тоа се многу податливи теми за постојани наизменични партиски вербални пресметки на власта и на опозицијата меѓу двете најголеми политички партии, кои речиси подеднакво долго се најодговорни за вкупните состојби во државата. Безмалку двете политички партии со по 15 години на власт и во опозиција. Цело време, 31 година, се застапени во Собранието како најбројни, со народни избраници кои секогаш можат со консензус да обезбедат и двотретинско, а со коалиционите партнери и бадинтерово мнозинство за остварување на државните интереси.

ВМРО-ДПМНЕ не ќе може веќе да се затскрива зад наводни предавства со комотна опозициска активност во стилот – еден ден сме за поништување на Преспанскиот договор со Грција, а утредента сме за негово подобрување, се разбира ако ние дојдеме на власт, а задутре, кога ќе дојдат светски дипломати и државници, демек ја признаваме реалноста и ќе го поддржуваме Преспанскиот договор, иако е многу штетен по државните интереси. Со други зборови, за нашите дома една софра, за странците друго мени, а со комшиите тајна вечера.

Извор: DW

Целиот текст ТУКА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …