Обвинителство

Додека трае суспензијата на Русковска, привремено ќе ја замени обвинителката Лиле Стефанова

Обвинителката Лиле Стефанова привремено, според годишниот распоред, ќе ја замени Вилма Русковска која е суспендирана, по одлуката на државниот обвинител Љубомир Јовевски да покрене дисциплинска постапка против три обвинителки од Одделeнието за борба против организиран криминал. Оваа информација за Телма ја потврди Русковска.

Русковска од денеска не е на своето работно место, а почнала да ја составува жалбата до Советот за јавни обвинители за предлогот за нејзина суспензија.

Според неа, проблематично е што во ваква ситуација потешко ќе биде да ги предаде единствените две предистраги кои таа лично ги води. Истрагите за работењето на финансиската полиција и истрагата за надзорот во МВР врз приватните центри за технички прегледи. Русковска стравува дека истрагите ќе стивнат, бидејќи заради оваа ситуација странките во постапката стравуваат да соработуваат со обвинителството.

Во согласност со членот 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија вчера поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители.

„Во исто време, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Решение за оддалечување од функцијата за еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против наведениот обвинител“, информираа од ОЈО вчера.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …