Договорот за името е „блиску, а сепак далеку“, тврдат неофицијални грчки владини извори

Договорот за името е „блиску, а сепак далеку“, тврдат неофицијални грчки владини извори

Договорот за името е во многу критична фаза со многу пресврти за кусо време, наводно, коментираат грчки „владини извори“, а пренесува атинска „Иефимерида“.

Според изворот на весникот, се оддалечуваме од договорот за името кој се очекуваше дека ќе падне денеска со телефонскиот разговор меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

„БЈРМ, се чини дека се уште не подготвена да се приклони кон сè што е договорено во Брисел меѓу двајцата шефови на дипломатиите. Оттаму, веројатноста за договор во следните неколку дена, се чини, дека е се помала. Веројатно дека ќе биде одложен и телефонскиот разговор меѓу двајцата премиери“, рекол, наводно, неименуван владин функционер за „Иефимерида“.

Утрово, разногласие се појави и во изјавите на владиниот портпарол Димитрис Ѕанакопулос и министерот Коѕиас кој смета дека договорт е многу блиску. Наспроти него, Ѕанакопулос изјави дека „во овој момент нема договор“.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Велибор Џаровски – Џаро

Почина Велибор Џаровски – Џаро

Еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија почина на 75 години, по кусо …