Доктор Џавид Фејзули: Порано не се дискутираше дали да се прими вакцина или не

Доктор Џавид Фејзули: Порано не се дискутираше дали да се прими вакцина или не

За време на епидемијата со големи сипаници – вариола вера, во поранешна Југославија за месец и половина се вакцинираше 18, 5 милиони народ. Тогаш немаше сакаш – не сакаш, вели во интервјуто за „Вистиномер“, пензионираниот раководител на службата за општа хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје Тетово, доктор Џавид Фејзули.

„Ние имаме Закон за заштита на населението од заразни болести коишто ја загрозуваат целата популација. Така што, не може некој да вели јас сум господар на своето тело! Да, ама ако си опасен за мене и за другите околу, не можеш да правиш што сакаш, туку мора да почитуваш правила“, нагласува доктор Фејзули.

Тој во разговорот за „Вистиномер“ објаснува како течел процесот на имунизација против вариола вера во седумдесетите години на минатиот век, говори и за појавата на голем број антиваксери и какво влијание имаат тие врз широките народни маси.

Интервјуто може да го прочитате тука.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …