„Долга е раката на ВМРО“ – координаторот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески, физички нападна свој сограѓанин

„Долга е раката на ВМРО“ – координаторот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески, физички нападна свој сограѓанин

Пишува: Зоран Милошески

Синоќа околу 20.45 часот, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Петар Ристески физички го нападнал својот сограѓанин, Благоја Бисеркоски. Бисеркоски случајот го пријавил во Полициската станица во Прилеп, после што Ристески бил повикан на информативен разговор.

Од СВР Битола го потврдија настанот, а преку својот профил се огласи и Бисеркоски, кој рече дека првиот човек на ОК на ВМРО-ДПМНЕ и координатор на нивната советничка група, Петар Ристески прво му упатил лични закани и закани по неговото семејство, а потоа со тупаница го удрил во главата.

Со свој коментар на настанот се огласија и од Општинската организација на СДСМ од Прилеп, од каде рекоа дека во партијата на бегалецот Груевски, која 12 години владееше со терор, закани и уцени, ништо не се сменило и дека партијата е сѐ уште заглавена во истата насилничка матрица.

„Полицијата информираше дека нашиот сограѓанин, познатиот стоматолог Благоја Бисеркоски, синоќа во центарот на градот бил физички нападнат од страна на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, Петар Ристески. Наместо инциденти и физички пресметки во кои се инволвирани највисоките локални функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои со своето непримерно и насилничко однесување се издвојува нивниот координатор Петар Ристески, на политичката јавност ѝ е потребна опозиција која ќе промовира позитивни идеи и предлози, за подобро утре на сите во градот и во државата“, рекоа прилепските социјалдемократи.

На синоќешниот немил настан во кој беше инволвиран Ристески, му претходеше 27 Седница на Советот на општина Прилеп, на која тој, како координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, манифестираше видлива нервоза.

Имено, во име на опозициската советничка група, Ристески побара повлекување на првата точка од дневниот ред која се однесуваше на измени и дополнувања на Статутот. После неколкуте настапи од говорницата, а непосредно пред гласањето за неговиот предлог, Ристески на советниците на СДСМ и коалицијата им се обрати со зборовите: „Денеска сте власт, утре не сте. Затоа мислете му ја како ќе гласате“.

Од МВР најавија целосно расветлување на случајот со физичкиот напад на Петар Ристески врз Благоја Бисеркоски.

Прочитајте повеќе

Д-р: Филипче

Д-р: Филипче: Шансите да го поправиме изборниот резултат се добри

Јас никогаш не се откажувам. Во најтешките моменти во мојата кариера, а такви имало многу, …