Дома кај Атиџе Муратова, хероината од „Медена земја“ (галерија)

Дома кај Атиџе Муратова, хероината од „Медена земја“ (галерија)

Фоторепортерот на „Мета“ го посети домот на хероината од документарниот филм „Медена земја“, Атиџе Муратовска во селото Бекирлија, Општина Лозово.

Во тој живописен предел и таа куќа е снимен „Медена земја“ кој е номиниран за Оскар во две категории, најдобар документарец и странски филм.

Документарецот постигна историски успех за македонската кинематографија, бидејќи за прв пат имаме номинација во две категории и освои бројни награди по реномирани фестивали.

Атиџе Муратовска вчера се сретна и со градоначалникот на Општина Лозово, Аце Велковски кој и ветил реновирање на покривот на куќата во Дорфулија, каде што Атиџе се пресели, но и вработување. Бидејќи, оваа хероина од филмот многу сака и да пее, ќе сними песни во професионално студио.

Прочитајте повеќе

стевчо јакимовски

На Стевчо Јакимовски ќе му се суди одново, Врховен суд ги укина пресудите против него

Јакимовски беше осуден на една година затвор за бесправно градење на општинската зграда во Карпош …