Пописот во земјава непречено се одвива и заклучно со вчерашниот ден до 20 часот попишани се 618.120 лица, 191.839 домаќинства и 257.099 станови, информираат од Државниот завод за статистика (ДЗС).
Преку апликацијата за попис на дијаспората досега се самопопишани 192.827 лица кои живеат во странство.
Одбивањата на луѓето да се попишат досега се малубројни, а техничките проблеми со кои се соочуваше пописот се надминати.
Луѓето кои го бојкотираат пописот засега се соочуваат со опцијата државни инструктори да дојдат во нивните домови и да им објаснат зошто е важно да се реализира попишувањето. Сепак, оние што дефинитивно ќе одбијат да се попишат можат да бидат санкционирани со прекршочна казна од 300 евра.