Дозволи за движење за лицата со попреченост

Дозволи за движење за лицата со попреченост

Владата на Република Северна Македонија на денешната 38 седница на предлог на Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика, дозволи посебен режим на движење за лицата со попреченост.

За овие наши граѓани нема да важи забраната за движење во периодот од 19:00 до 20:00 часот, од понеделник до петок, а во деновите на викенд од 11:00 до 13:00 часот.

Оваа мерка за дозвола на движење за лицата со попреченост се однесува и на лицата што ги придружуваат овие граѓани за време на дозволеното движење во наведените временски периоди.

Прочитајте повеќе

Муцунски: Позициите на Македонија и Бугарија и понатаму се значително оддалечени, но разговорите се во позитивен дух

Муцунски: Позициите на Македонија и Бугарија и понатаму се значително оддалечени, но разговорите се во позитивен дух

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски информира дека на маргините на Меѓународната конференција за Коридорот …