СДСМ

ДПМНЕ го врати речникот од 27 април со нападите врз Пендаровски

Со ниските напади и закани кон Стево Пендаровски, ДПМНЕ го врати речникот од 27 април и покажа дека ништо не е променто во оваа партија.

Речникот на ДПМНЕ од типот „Стево, пакувај тоа куферите и бегај што подалеку од Македонија“, потврдуваат дека има голема нервоза во оваа партија соочена со пораз на изборите.

Во недостаток на план и програма, во паника од пораз на изборите, ДПМНЕ преминаа во лични дискредитации и отворени закани кон кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски.

Знаат од ДПМНЕ дека Силјановска ја нема поддршката од граѓаните. Тоа се виде уште со скандалот со невалидните потписи за нејзината кандидатура, по што ДПМНЕ ја кандидираше со 40 потписи од пратеници, наместо со потписи од граѓаните, како што тоа го направи Пендаровски со поддршка од 22.000 граѓански потписи.

Потоа излезе на виделина скандалот со „оперативниот план“ на ДПМНЕ за нарачани лажни анкети за рејтинзи и креирање штабови за лажни вести. Митингот на ДПМНЕ во Скопје пропадна затоа што граѓаните им кажаа НЕ.

По кој знае кој пат го покажаа своето вистинско лице, дека ДПМНЕ е режимска партија, потврден извор на лажни вести, која нема што друго да им понуди на граѓаните, освен изолација, блокади, враќање назад во мрачното минато.

Прочитајте повеќе

Ковачевски од Неготино: Македонија треба да гласа ЗА, гласањето ПРОТИВ со себе носи последици за иднината

Ковачевски од Неготино: Македонија треба да гласа ЗА, гласањето ПРОТИВ со себе носи последици за иднината

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, синоќа од Неготино ги повика граѓаните на изборите на 8 …