Дружба на пензионерките од „Рид“ и домот „Спиро Забрчанец“ во пресрет на „8-ми Март“

Дружба на пензионерките од „Рид“ и домот „Спиро Забрчанец“ во пресрет на „8-ми Март“

Во пресрет на денот на жената, „8-ми Март“, над 250 пензионерки од урбаните заедници „Рид“ и „Варошко маало“, „Бончејца“ и „Точила“ во своите пензионерски ограноци денеска се собраа на заедничка дружба. Со звуците на убавата македонска музика, со песна и оро, тие заедно го прославија празникот денот на жената. Градоначалникот Илија Јованоски на покана на пензионерите присуствуваше на оваа средба, им го честиташе празникот посакувајќи им многу здравје и среќа, многу следни чествувања на овој меѓународен празник.

„По повод меѓународниот ден на жената, ‘8- ми Март’, традиционално пензионерките од урбаната заедница „Рид“ прославуваат во овој дом. На сите присутни им го честитам празникот“, рече координаторот, Благоја Ангелески.

“Во домот „Спиро Забрчанец“ се дружат пензионерките од ограноците од населбите „Точила“, „Варошко маало“ и „Бончејца“. Во вторник овде се дружат жените. Оваа група ограноци работи по своја годишна програма, во која ни е запазена македонската традиција, обичаите, религијата, државните празници, истовремено организираме еднодневни екскурзии по наш избор. ‘8-ми Март’ традиционално го одбележуваме и овде со желба да бидеме зедно и да се дружиме “, изјави координаторката Блага Тутеска.

Празничката пограмата во домот „Спиро Забрчанец“ беше збогатена со реферати посветен на улогата на жената во општеството и историската борба за нејзини права, за рамноправност во општеството, како и со рецитали од македонски автори презентирани од учениците од ОУ „Блаже Конески“.

 

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …