ДУИ ќе го има ветингот во изборната програма, СДСМ сѐ уште не го разгледал

ДУИ ќе го има ветингот во изборната програма, СДСМ сѐ уште не го разгледал

СДСМ сѐ уште не го разгледал предлогот на законот на ДУИ за ветинг на функционерите, а од ДУИ сѐ уште не го доставиле во Собрание, бидејќи не добиле одговор од партиите, но најавуваат дека истиот ќе биде дел од изборната програма, пишува „Порталб.мк“.

– Имајќи ја предвид ситуацијата, не сме го разгледале предлогот на ДУИ за ветинг. Отсега па натаму ќе видиме, сепак треба да повторам дека постојат механизми и независни тела, кои самостојно можат да одлучат за одредена пријава или сомнеж за функционерите, како што се Антикорупциска или Обвинителството – рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби изјави дека партиите не го разгледале предлог – законот, а најави дека оваа тема ќе биде меѓу петте приоритети на неговата партија за изборната програма.

– Предлог – законот им го доставивме на политичките партии, но од нив нема одговор. По сѐ изгледа ветингот нема да може да се направи со овој состав. Најавувам дека ветингот ќе биде еден од петте приоритети на ДУИ во изборната програма – рече Груби. .

Предлогот на закон им беше доставен за разгледување на парламентарните групи, кои требаше да одлучуваат по истиот. Албанската опозиција, односно Алијансата за Албанците и Движењето БЕСА, изјавија дека предлогот на закон не им бил доставен, а од македонскиот опозициски блок, односно ВМРО – ДПМНЕ, изјавија дека нема услови за да се направи такво нешто.

„Порталб.мк“ упорно бараше од ДУИ да го даде предлог – законот за јавноста да биде запознаена со неговата содржина, меѓутоа од ДУИ не го даваат, со образложение дека сѐ уште е во нацрт – верзија.

Ветингот е постапка што служи за разрешување на јавните функционери кои немаат интегритет за вршење на нивната задача и со неговата реализација треба да се врати довербата на јавноста во работата на државните институции.

Процесот на ветинг, по правило, се врши преку проверка на одредена личност пред да му се понуди одредено работно место. Зависно од работното место или проектот, процесот на ветинг може да се заснова и во проверка на способностите, личноста, богатството или друг фактор што е поврзан со ветингот.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …