ДУИ одржа конгрес, Ахмети реизбран за претседател

ДУИ одржа конгрес, Ахмети реизбран за претседател

Али Ахмети е реизбран за претседател на Демократската Унија за Интеграција. Одлуката на делегатите беше едногласна и Ахмети немаше противкандидат. Во неговото обраќање, староновиот претседател Али Ахмети  рече дека ДУИ се гради за да ги предводи процесите во наредните 20 години. За изборите на 12 април, Ахмети рече дека тие се многу важни, бидејќи се гласа за иднината на земјата.

„Сега на 12 април го имаме првиот тест и убеден сум дека како што сме забележале за 18 години 16 победи, ова на 12 април ќе биде следна победа и најважна за ДУИ, за Северна Македонија, како субјект кој знаел да одржи етнички и политички баланс на овие простори. На 12 април не победува ДУИ, туку Северна Македонија и граѓаните. Сме знаеле да менаџираме, да балансираме и да се соочиме со најголемите тешкотии и истите успешно да ги менаџираме“-изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Ахмети додаде дека интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ е неспорна стратешка определба, а секој кој не го почитува Охридскиот договор, Преспанскиот договор и договорот со Бугарија, на ДУИ да не смета како коалициски партнер. Според него, треба да се продлабочи принципот на консензуалност, а спроведувањето на нормативниот дел на Охридскиот договор треба да се прошири. Ахмети зборуваше и за потребата за ветинг внатре во партијата и во правосудните институции.

„Прашањето на владеење на правото и ветингот не смее да остане само глас и резолуција. Тука е потребна сериозна работа за во земјава да владее правото, да има вистински ветинг и вистинско прочистување на лицата кои управуваат со правниот систем. Работите кои не чекаат не се мали. Ние треба да сме решителни во целосното почитување на Охридскиот договор, да го штитиме и почитуваме Преспанскиот договор и договорот за добрососедски односи со Бугарија“-рече Али Ахмети, претседател на ДУИ.

На четвртиот партиски изборен конгрес, ДУИ усвои и статутарни измени, декларација и резолуции и формираше Генерален и Национален совет.

Извор: Алсат

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …