Двајца доктори и две медицински сестри од Дебар заразени со корона вирус

Двајца доктори и две медицински сестри од Дебар заразени со корона вирус

Бидејќи персоналот е позитивен на корона вирус, од утре амбулантата во Дебар е под карантин. Ова на својот профил на Фејсбук го објави д-р Арбен Аголи, доктор педијатар од Дебар. Информацијата ја потврди и министерот за здравство Венко Филипче, кој на својот профил на Фејсбук напиша дека станува збор за двајца доктори и две медицински сестри.

„Попладнево на корона вирус беа тестирани 10 пациенти, од нив пет се позитивни на вирусот. Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и четири здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар. Со ова, бројката на заболени со коронавирус во земјата се искачи на 31“, напиша Филипче.

Д-р Аголи пошироката јавност го запозна неодамна откако на социјалните мрежи сподели фотографија со неговите колешки, држејќи со транспарент во рацете „Ние сме на работа, вие седете дома“.

Аголи постојано на својот профил објавува апели како да се однесуваат луѓето во време на корона вирусот. Неодамна имаше споделено фотографии од фрлени на улица искористени маски и ракавици, па апелираше граѓаните тоа да не го прават затоа што на тој начин ја шират болеста.

Докторот како и останатите здравствени работници кои работат во дебарската болница, добија стотици коментари на социјалните мрежи во знак на поддршка и побрзо оздравување.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Прв работен ден за новата Влада – резултати или само ротација на кадри?

Прв работен ден за новата Влада – резултати или само ротација на кадри?

Новата власт, која најавува видливи резултати, економијата и животниот стандард на граѓаните ги стави меѓу …