Џафери ја отфрли иницијативата за референдум на ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на Уставот

Џафери ја отфрли иницијативата за референдум на ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на Уставот

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја отфрли иницијативата за распишување задолжителен референдум за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија, поднесена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во образложението доставено до Мицкоски, претседателот на Собранието вели дека инцијативата не е во согласност со македонскиот Устав и поради тоа иницијативата не е прашање по кое може да се распише референдум на државно ниво.

„Имено, во член 118 од Уставот на Република Северна Македонија е утврдено дека Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон. Во членот 8, став 1, алинеја 11 од Уставот е утврдено дека темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија е и почитувањето на општоприфатените норми на меѓународното право“, пишува во одговорот на иницијативата испратен до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

На 7 септември Христијан Мицкоски поднесе иницијатива за референдум, а побара истовремено со референдумот да се одржат и парламентарни и претседателски избори.

Прочитајте повеќе

UltiMATH финале

UltiMATH финалето започна: 350 најдобри средношколци се натпреваруваат за награда од 10.000 евра

Денес започна првиот ден од финалето на UltiMATH, најголемиот натпревар по математика за средношколци во …