Дзс

ДЗС: Досега попишани 419.485 лица, 129.614 домаќинства и 173.439 станови

Од Државниот завод за статистика информираат дека пописот во земјава непречено се одвивал и изминатиов викенд, со минорен број на лица кои одбиваат да се попишат. Досега се попишани 419.485 лица, 129.614 домаќинства и 173.439 станови низ целата земја, заклучно со 12 септември во 20 часот.

До 13 септември во 7:30 часот, биле самопопишани 192.538 лица што живеат во странство.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија, кој официјално започна на 5 септември, ќе трае до 30 септември.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

„Супорт Кочани“ обезбеди 4070 силиконски лепенки за повредените од трагедијата, ќе бидат донирани на Општата болница

„Супорт Кочани“ обезбеди 4070 силиконски лепенки за повредените од трагедијата, ќе бидат донирани на Општата болница

Денеска граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ прими донација од 4.070 силиконски лепенки, наменети за третман на …