ЕДНОГЛАСНА ОДЛУКА НА БИТОЛСКИТЕ СОВЕТНИЦИ ЗА ДОНИРАЊЕ 40.000 ЕВРА ЗА ИЗГРАДБА НА МОДУЛАРНА БОЛНИЦА

ЕДНОГЛАСНА ОДЛУКА НА БИТОЛСКИТЕ СОВЕТНИЦИ ЗА ДОНИРАЊЕ 40.000 ЕВРА ЗА ИЗГРАДБА НА МОДУЛАРНА БОЛНИЦА

На иницијативата на градоначалничката Наташа Петровска, општината да се вклучи во изградбата на модуларен ковид центар во Битола, денес се одржа вонредна седница на Советот на Општина Битола, на која едногласно се донесе одлука за донација на нови 40.000 евра, средства од општинскиот буџет.

Пред советниците се најде Програмата за поставување на модуларен Ковид центар во дворот на Клиничката болница –  Битола, како и Одлуката за давање на донација во вид на услуги и добра на ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола за изградба на модуларна градба за вршење на здравствена дејност – КОВИД центар.

Градоначалничката ја образложи иницијативата за помош на Клиничка болница, во рамките на општинските надлежности, со што општината ги стави на располагање своите капацитети од административен и технички аспект, со вклученост на подготовка на терен од страна на јавните претпријатија.

Досега, на сите здравствени установи во градот, Општина Битола по разни основи за помош во ковид кризата им донираше над 80.000 евра.

Прочитајте повеќе

обвинителство

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните …