Економските мерки од Владата претставени пред бизнис-заедницата од источниот регион

Економските мерки од Владата претставени пред бизнис-заедницата од источниот регион

Во Буџетот за 2019 г, Владата предвидува 37% повеќе средства за реализација на финансиска поддршка на компаниите, односно за севкупните мерки за економски раст се предвидени 4,1 милијарда денари. Овој податок денеска го пласираше министерката без ресор за странски инвестиции во Владата на РМ, Зорица Апостолска, во рамките на инфосесијата на која беа претставени трите столба од Планот на економски раст на Владата на РМ, како и актуелниот повик од Фондот за иновации и технолошки развој наменет за микро, мали и средни претпријатија, што денеска се одржа во Делчево.

Апостолска истакна дека средбата се одржува на барање на стопанствениците од регионот, Берово, Пехчево, М. Каменица и Делчево.

-На барање на стопанствениците во регионот и интересот на комапниите од Берово, Пехчево, М Каменица и Делчево денеска сакаме да ги појасниме финансиските поддршки и што ги дава Владата во рамките на планот за економски раст и согласно со Законот за финансика поддршка на ивестициите. Во текот на оваа година која е прва година од имплементација на овој Закон, аплицираа околу 100 компании од Македонија за поврат на средства за инвестициски трошоци, додека само 4-5 компании од овој регион аплицираа по оваа мерка, што е многу мал број. Затоа е потребно да ги поијасниме и охрабриме стопанствениците, за да можат да го прошируваат својот бизнис, да инвестираат, истакна Апостолска.

Ирена Ѓеоргиевска, претставник од Фондот за иновации и технолошки развој истакна дека Фондот претставува, третиот столб од мерките на Владата и во тие рамки повиците што се пласираат, посебно актуелниот повик кој инструменте наменет за микро, мали и средни претпријатија е отворен до 11 декември.

На презентацијата беа претставени и активностите кои ги презема Општина Делчево за создавање поволна бизнис-клима.

На инфосесијата присуствуваа претставниците на бизнис-секторот од регионот на Пијанец и Малеш и граѓани заинтересирани својата бизнис-идеја да ја претворат во профитабилен бизнис

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …