ЕСМ: РЕК Битола 1 исклучен поради скината цевка, се очекува денеска да проработи

ЕСМ: РЕК Битола 1 исклучен поради скината цевка, се очекува денеска да проработи

АД ЕСМ соопшти дека првиот блок на РЕК Битола денеска бил плански исклучен поради скината цевка, а со очекува повторно да биде ставен во функција вечерва по отстранувањето на проблемот.

Инаку, Блок 2 на РЕК Битола е во ремонт, а Блок 3 е исто така вон функција, поради минатонеделниот пожар на неговиот трансформатор. Сепак, се очекува до крајот на неделава да заврши ремонтот на Блок 2 и тој да биде ставен во функција.

Во меѓувреме, АД ЕСМ ги задоволува потребите од останатите капацитети, како и со набавена електрична енергија, како резерва при вакви куси испади.

„Поради дефект во котелот на Блок 1 за кој не постоеше никаква можност да биде саниран додека постројката е во функција, во 3 часот Блок 1 е исклучен од електроенергетската мрежа на државата. Станува збор за планско исклучување на блокот со цел санација на скинатата цевка што се смета за лесен испад на постројката. Се очекува дефектот да биде саниран до вечерните часови и блокот да биде вратен на мрежа. Се работи и на оспособување на Блок 2 кој беше во ремонт и се очекува и оваа постројка да биде на мрежа до крајот на неделава“, соопшти ЕСМ.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Стабилизирање на времето со температури до 28 степени

Стабилизирање на времето со температури до 28 степени

Денеска преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските …