„Напред, без да се заборави” – нов мурал во центарот на Прилеп

„Напред, без да се заборави” – нов мурал во центарот на Прилеп

Со изработка на мурал на фасадата на некогашниот хотел „Скопје”, наспроти Меморијален музеј „11 Октомври 1941“ во центарот на Прилеп, продолжи програмата на јубилејното, 15-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности, во продукција на организацијата Факултет за работи што не се учат(ФР~У).

Автор на муралот е Ристо Аврамовски, во соработка со Владимир Милиќ, Филип Јовановски и Ненад Тонкин.

Овој мурал е дел од серијата на мурали кои досега се изработија во уште 5 други градови во земјава и тоа во Велес, Кочани, Битола, Скопје и Гевгелија, чии автори се Јана Јакимовска, Миле Ничевски, Ненад Тонкин, Ристо Аврамовски, Филип Јовановски, Владимир Милиќ и Давор Кешкец.

„Напред, без да се заборави” – нов мурал во центарот на ПрилепМуралот во Прилеп  насловен „Напред, без да се заборави”, кој повторно реферира на „Песна за солидарноста” од Бертолт Брехт, симболично е поставен во близина на локација која е важна за антифашистичката борба, а тоа е објектот на Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941“.

Зградата во која е сместен музејот е изградена на почетокот на XX век. За време на фашистичката окупација овој објект бил претворен во бугарски полициски Участок. На 11 октомври 1941 година борците од Прилепскиот партизански одред извршиле вооружен напад врз Участокот и врз други објекти во градот, со што започнало вооруженото востание на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор.

Овој мурал во една комплексна визуелна композиција, користејќи различни симболи важни за градот. Зборува за историјата на Прилеп од почетокот на револуцијата на 11 Октомври 1941 година, па се’ до денес. Муралот има за цел одново да повика на вредностите на солидарноста и антифашизмот, „Напред, без да се заборави” – нов мурал во центарот на Прилепда го нагласи значењето на Прилеп како град херој, град од каде почнала антифашистичката борба, вредност која треба да не’ води напред во иднината, но исто така вредност која не треба да се заборави или избрише од нашата општествена меморија.

Иницијативата за исцртување на мурали на јавни простори има за цел на креативен начин да зборува за одредени теми кои покренуваат и мобилизираат не само поединци, туку цели групи и заедници кон активирање и работење на заедништвото и заедничкото во градење на едно праведно општество. А токму заедништвото и заедничкото, како и културата на солидарноста, се покажаа како најургентни прашања кон кои треба сите да се фоскурираме во време на пандемијата со корона вирусот. Покрај тоа, оваа програма критички ги адресира, преиспитува и истражува прашањата поврзани со модерното визуелно и архитектонско наследство, нејзината естетика како и нивните последици во денешниот свет. Таа се манифестира преку креативни формати на акција – мурали, произведени преку активен дијалог и соработка помеѓу културните работници и организации во секоја локална заедница поединечно.

„Напред, без да се заборави” – нов мурал во центарот на ПрилепВо општество каде ксенофобијата, национализмот и дискриминацијата по сите основи е се’ уште присутна, се поставува прашањето како и на кој начин културата треба да ги активира граѓаните да зборуваат гласно наспроти овие теми? АКТО во време на пандемијата на корона го окупира јавниот простор и адресира пораки кои треба да мобилизираат и еманципираат во насока која ќе пркоси на националистичките и авторитарни тенденции, кои сеуште постојат во јавниот дискурс и кои го спречуваат развојот на општеството, ги загрозуваат правата и слободите на граѓаните.

АКТО зборува за солидарноста која културата треба да ја иницира и поттикне во локалните заедници, со цел создавање на праведно општество. АКТО зборува за важноста на културата и уметноста и за правата на уметниците и културните работници.

Покрај муралите, годинешната програма на јубилејното, 15-то издание на АКТО ќе вклучува и други содржини. Годинава АКТО потсетува на вредностите за кои сите овие изминати години се бори и ги промовира, како анти-национализмот, антифашизмот, антидискриминација, почитување на различностите, почитување на соседите, солидарноста, помагањето на послабите, слободата и критичката мисла, против насилството и родовата рамноправност.

 

Прочитајте повеќе

Камшикот, од блиску дојде

Камшикот, од блиску дојде

Сумираната парола од вчерашните избори е „ви помина ли меракот?” Бидејќи, Македонија вчера гласаше „против“. …