Европската Комисија ја критикува блокадата за старт на преговори, денеска во Стразбур ќе биде презентиран извештајот за напредокот на нашата земја

Европската Комисија ја критикува блокадата за старт на преговори, денеска во Стразбур ќе биде презентиран извештајот за напредокот на нашата земја

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за отворање на преговорите за членство и властите ја демонстрираа јавно својата цврста заложба да продолжат по ЕУ патот. Земјата задржа постојан и одлучен тек во напредувањето на ЕУ реформите и ги зголеми своите напори за испорачување на опипливи резултати и натаму“.

Ова е дел од извештајот за реформскиот напредок на нашата земја, кој денеска, како што јавува МИА, ќе биде презентиран во Стразбур.

Европската Комисија е задоволна од исполнувањето на критериумите за зачленување на нашата земја во ЕУ, како и тоа што властите покажуваат јасна проевропска ориентација, а ја критикува блокадата за старт на преговорите.

Извештајот пред пратеници од комисијата за надворешни работи на Европарламентот ќе го презентира еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи.

Прочитајте повеќе

Камери Безбеден град

„Безбеден град“ официјално ќе започне да функционира од февруари идната година

Системот за санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ официјално ќе започне да функционира од февруари …