Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот

„Ве повикувам сите Вас во чии што вени тече македонштината, за да застанеме во одбрана на истата. Ве повикувам да го одбраниме достоинството на нашата држава, за да можеме и ние достоинствено да ја оставиме во аманет на нашите поколенија“.

Со овие зборови битолскиот лидер на ДПМНЕ им се обрати на битолчани, повикувајќи ги на денешниот протест пред Владата на РМ.

Две-три потпрашања за патриотоФ…

Знаеме како Хитлер ја дефинирал ариевската раса, а како тоа вие утврдувате во чии вени тече “македонштината“? Пред да се качат во автобусите на луѓето им земате примерок за ДНК, крв од вена, или…?

Каде беше лидероФ до пред една година да го брани достоинството на граѓаните, кога Грујо на централно, а Двојче на локално ниво, пуздер направија и од државата, и од општината, и од достоинството на граѓаните?

Небесен народ, библиски народ, наднарод… новиве кадри на Мицкоски се “копи пејст“ на старите, некои и бетер од нив. А за битолскиов кадар ми тврдеа оти не бил таков…

Прочитајте повеќе

Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот