Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот

Колку малку е потребно да се искаже разбирање за потребите на “обичните луѓе“. Доволно е само да се има добра волја и грам чоештилак во себе. Ете толку требаше да се поддржи апелот на Zoran Cardula, првиот училиштен ден просветните работници да одделат некоја минута, за да им објаснат на своите ученици дека меѓу нив има нивни другарчиња кои се различни, со нетипичен развој. Од неколкуте такви примери, ќе издвојам два.
Арбер Адеми, министер за образование и наука:
„Нека биде ова почеток на учебната година поинаков од сите претходни. За таа цел, упатуваме апел до наставниците на првиот воведен час со учениците, да издвојат време за да го потенцираат богатството кое постои во нашето општество, односно идејата „да се биде различен и да се прифатат различностите од било кој тип. Бидејќи токму тие различности ќе не’ направат сите подобри луѓе, целото општество подобро и ќе влијаат да изградиме образовен систем кој ќе го препознае потенцијалот на секое дете – затоа што нашите деца се иднината на нашата Македонија. Среќно!“.
Илија Јованоски, градоначалник на општина Прилеп:
„Сакам да го потенцирам она што е од исклучителна важност за сите нас. Тоа е, дека сите ние треба да сфатиме, дека сите деца се исти, колку и да се различни, дел од нив нетипични во својот развој. Сите исто чувствуваат, исто сакаат, на исти нешта се радуваат и подеднакво тагуваат. Од тој аспект, како градоначалник, но и како родител, токму денеска на првиот училиштен ден, апелирам до сите наставници, професори, педагози, директори, подадете им рака и еднакво грижете се, образувајте ги и воспитувајте ги сите ученици! Секој ученик е еднакво важен за нашето општество. Различноста не ги прави едните од другите помалку вредни“.

Прочитајте повеќе

Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот