Една деценија чекавме обвинителството и судството да излезат од канџите на “фамилијата“. Исто толку време се надевавме дека злосторничкото здружение ќе го стигне казната и дека ќе платат за сето зло кое им го нанесоа на граѓаните на нашата држава. И сега одеднаш, кога се изрекоа првите затворски казни за Грујо и Гордана, во стилот “деца гледаат“, изблици на емпатија кон нив!
Дали треба со гума да ги избришеме монтираните судски процеси против стотици знајни и незнајни противници на режимот, против безмилосното пљачкање на државата, уништените перспективи на илјадници образовани и слободоумни млади луѓе? Зарем треба да ги заборавиме Мартин Нешкоски, малата Тамара, кумановското „Диво насеље“, Смилковско езеро, сомнителната смрт на Никола Младенов, заканите со хилти и семејствата кои треба да завршат “све у ендек“?
Сѐ додека и последниот член на оваа банда не заврши во затвор, ниту ќе им простам, ниту ќе им заборавам, најмалку пак ќе имам сожалување кон нив. Кон ниту еден од нив!