Хан: Закани од ВМРО до пратениците кои сакаат да го поддржат Договрот

Хан: Закани од ВМРО до пратениците кои сакаат да го поддржат Договрот

Европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан во интервју за австрискиот весник “Стандард” истакна дека сегашниот парламентарен состав во Македонија треба да ги направи уставните измени. Според Хан, ВМРО-ДПМНЕ им се заканува на пратениците кои сакаат да го поддржат договорот за името. Тој ја повика опозицијата да се откаже од својот, како што рече, деструктивен пристап и да ги стави интересите на земјата и граѓаните пред партиските.

„Има вести за закани против оние кои сакаат да ја напуштат партиската линија и да ја поддржат власта во Собранието. Членови на ВМРО се спротивставија на линијата на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, но за тоа беа санкционирани, како што се случи со поранешниот генерален секретар на партијата, кој беше разрешен. Ова е сосема неприфатливо за партија која се прогласува за проевропска, демократска“, рече еврокомесарот, Хан.

Со сличен став излезе и европратеникот Јозеф Дол од Европската народна партија, каде што припаѓа и ВМРО-ДПМНЕ. Тој на социјалните мрежи напиша дека е разочаран од пристапот на македонската опозиција, истакнувајќи ја важноста на дијалогот за иднината на земјата.

„Се ближи важна одлука за иднината на ПЈРМ и целиот регион во рамките на ЕУ и НАТО. Разочаран сум од досегашната улога на опозицијата во овој процес, конструктивноста треба да преовлада над бојкотот. Потребен е дијалог меѓу власта и опозицијата…“, рече Јозеф Дол, Пратеник на Европската народна партија.

По референдумот, Демохристијанската партија на германската канцеларка, Ангела Меркел, апелираше до ВМРО-ДПМНЕ во Собранието да го поддржи Преспанскиот договор.

Извор: Алсат

Прочитајте повеќе

уставен суд

Балансерот укинат, доаѓа нов Закон за правична застапеност

Претседателот на Уставен Дарко Костадиновски кажа дека балансерот како алатка е исцрпена и оти ги …