Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот

Кога човек ја изгуби слободата најтешкиот момент не е соочувањето со мизерните услови во кои ќе треба да живее подолг временски период. Не. Човекот е сепак издржливо суштество со силен инстинкт за преживување и опстанок дури и во такви мизерни и очајни услови под секое човечко достоинство.
Најтешкиот момент сепак е од психолошка природа и се содржи во чувството на НЕМОЌ и препуштеност на судбината! Тоа е тоа што убива.
Само личности со силен дух и верба во себе можат сето тоа да го надраснат, преживеат и во една таква очајна ситуација да изнајдат искра на надеж што ќе им даде сила и волја да истраат, веруваат и се борат за слобода!
Затоа оние кои во реалниот живот имале голема моќ тешко и мачно го доживуваат и преживуваат губењето на слободата и соочувањето со неубавата реалност.
Секоја врска на статусот со актуелните настани е намерна!

Прочитајте повеќе

Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот