Фестивал на храна и вино во Струмица на 7 септември во рамките на Отворен Балкан

Фестивал на храна и вино во Струмица на 7 септември во рамките на Отворен Балкан

Како продолжение на Саемот на вино, храна и туризам кој од 1-4 септември се одржува во Белград, Владата на Република Северна Македонија на 7 септември, во рамките на иницијативата Отворен Балкан, организира и регионален Фестивал на храна и вино во Струмица. Овој фестивал на вино и храна се одржува во соработка со реномираната организација Егзит во чија организација е и веќе најавениот музички хепенинг Get EXITed каде покрај богатата музичка програма, ќе биде понудена и специфична и интересна етно-гастрономска програма.

Фестивалот на храна и вино бесплатно ќе биде отворен за сите посетители и ќе се одржи во Градскиот парк во Струмица, а ќе ги понуди најдобрите регионални и локални винарии, регионални изложувачи на храна како и произведувачи на традиционални органски специјалитети од македонската кујна. Присутни ќе бидат најдобрите готвачи од најпознатите струмички ресторани и учениците од Средното кулинарско училиште кои заедно ќе спремаат локални специјалитети.

Спојот на вино, храна и музика е дефиниција за незаборавна забава. На фестивалот со врвна винска и гастрономска содржина, а во соработка со музичкиот хепенинг Get EXITed планирана е попладневна програма проследена со концерти кои ќе траат од 18:00 до 21:00 часот. Ќе настапат култниот македонски бенд 21 Век, младата поп дива Дина Јашари world music составот кој од Струмица го освои светот со едноставен трубачки звук, Џамбо Агушеви Оркестар, како и хип хоп ветераните и едни од најистакнатите имиња на македонската музичка сцена DJ Goce S.A.F и DJ Chvare.

21 Век е култно македонско трио со презабавен поп панк звук. Статусот на македонски волшебници и неверојатната енергија која ја носат со себе ветуваат триумф секој пат кога ќе се качат на сцена.

Џамбо Агушеви Оркестар ги освојува најголемите сцени во светот, а нивните почетоци се бележат токму во Струмица.

Дина Јашари е млад уметник од Македонија, а нејзините модерни ритми на dream поп, соул и џез се вистинско освежување на музичката сцена.

DJ Goce е дел од хип хоп сцената уште од раните 90ти кога со својата група S.A.F. ја објавија првата трака во 1993 година. Работи како продуцент за голем број на домашни и регионални уметници, копродуцент и диџеј на ТВ емисии, организира и модерира најразлични работилници во Македонија, а организира и сопствена винил конвенција со DJ Chvare со кој е дел од Funky Fresh екипата.

На веќе најавениот музички хепенинг Get EXITed пак, ќе настапат едни од најпознатите имиња на регионалната и светската електронска музичка сцена Deborah De Luca и Mahmut Orhan.

Прочитајте повеќе

Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

Стопанската комора на Македонија најави дека до Министерството за економија и труд ќе достави предлог-измени …