Филипче со емотивна порака до здравствените работници: Вие сте хероите во битката со короната

Филипче со емотивна порака до здравствените работници: Вие сте хероите во битката со короната

Министерот за здравство Венко Филипче им го честита на здравствените работници Светскиот ден на здравјето, 7 април, и им се заблагодари за клучната улога која ја имаат тие во здравствената нега и грижата за нашето здравје. Тој испрати емотивната порака до нив.

„Во овие моменти, исправени пред најголемиот светски здравствен предизвик, ја водиме битката на нашата генерација. Корона вирусот од корен го измени нашето секојдневие и ќе направи трајни промени во нашите животи. Но, во оваа битка вие сте хероите. Вашиот труд и пожртвуваност спасуваат животи и токму заради вас луѓето веруваат дека ќе бидат безбедни и здрави. Сега, здравството и здравствените работници се клучниот столб во државата. Знам дека во моментов носите огромен товар, заморот полека не стига сите, а не чекаат уште тешки денови. Верувам дека секој од вас знае колку е важно да издржиме, да останеме посветени, сконцентрирани и да дадеме се од себе да им помогнеме на нашите сограѓани“, им порача Филипче на своите колеги.

Во пораката се додава дека, здравствените работници се првите кои се на удар на вирусот и дека затоа мора да внимаваат и да се заштитат на работното место, но и надвор од него.

Светската здравствена организација, СЗО, одлучи мотото на Светскиот ден на здравјето, 7 април, годинава да биде „Поддршка на медицинските сестри и акушерки“.

„Медицинските сестри и другите здравствени работници се во првите редови во справувањето со корона вирусот и во обезбедувањето третман и грижа за пациентите. Светскиот ден на здравјето ќе го потенцира сегашниот статус на медицинските сестри низ целиот свет. СЗО и нејзините партнери ќе дадат серија препораки за подобрување на нивните услови за работа“, стои во пораката на СЗО.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …