Филипче за кинеските вакцини: Нема провизии и нерегуларности

Филипче за кинеските вакцини: Нема провизии и нерегуларности

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска на прес-конференција во ресорното министерство ги отфрли сите обвинувања, и објаснуваше како течела целата постапка за набавка на кинеските вакцини, по што заклучи дека „апсолутно не се работи за нешто што е нерегуларно и надвор од законот“. Тој, како што рече, ги осудува „обидите на опозицијата да ѝ фрлат дамка на сериозната состојба со Ковид-19“.

Ијавата на Филипче следува по објавите на италијанскиот весник „Ла Верита“ во кои авторот на текстовите пишува дека „причината за враќањето на македонскиот аванс за вакцините од Кина се случил поради тоа што како посредник во набавката била вклучена фантом фирма без медицинско портфолио која била сомнителна за кинеската држава, како и писма од Филипче до Синофарм во кои се ветува ослободување од одговорност од последици од вакцинирањето“.

Принтскрин од објавата на „Ла Верита“ за писмата од министерот за здравство Венко Филипче до Синофарм за набавка на кинеските вакцини

ВИДЕТЕ И ОВА:

„Ла Верита“ објавува „писма од Филипче за кинеските вакцини“Радио Слободна Европа

Според министерот Филипче, „некој со ова политички сака да оствари бенефит, во кој цената ќе ја платат граѓаните и нивното здравје“.

„Владата и Министерството за здравство од почетокот на набавката комуницира со многу компании и производители. Притоа имаме два принципи, регуларност и внимателност. Оттаму, апсолутно ги отфрлам сите обвинувања дека станува збор за нерегуларни процедури и провизии. Документите кои ги објави „Ла верита“ се тие кои ги испраќаме на многу прозиводители. По неуспешноста да стапиме во директен контакт со компанијата „Синофарм“, нам ни дадоа насоки каде да се обратиме што и вроди со плод. Ние потпишавме договор и стапивме во контакт со нашата амбасада во Кина, која го извести тамошното МНР и ни укажаа дека тоа е не патот кој треба да го следиме, туку оној првиот преку кој се обидовме. Не станува збор за ништо од она за што не обвинува овие денови опозицијата“, изјави денеска Филипче.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …