Форум на жени на ОО на СДСМ Прилеп: НЕ за насилство врз жени и девојчиња!

Форум на жени на ОО на СДСМ Прилеп: НЕ за насилство врз жени и девојчиња!

Членките на Форумот на жени на Општинската организација на СДСМ Прилеп, кажаа НЕ за насилството врз жени и девојчиња!

Од Форумот на жени на ОО на СДСМ Прилеп, апелираат и порачуваат:

Борбата против насилство зависи од сите нас. Една од три жени е жртва на насилство. Доста е! Затоа реагираме! Затоа да пријавиме! Затоа да менуваме!

Ако си жртва на насилство, тоа не е срам за тебе. Срам е да си на страната на оној кој го врши насилството. Срам е да си на страната на оние кои знаат за насилството, а не го пријавуваат. За насилството не постои оправдување. За насилството не си виновна ти, туку насилникот.

Насилството е казниво со закон.Сакаме да ја подигнеме свеста кај сите нас и насилството да го пријавуваме. Да не дозволиме насилството да стане епидемија.

Една од лекциите која ја научивме од пандемијата со Ковид-19, е дека домот не е сигурно место за сите. Насилството и’ претходеше на пандемијата. И за жал, ќе ја надживее

Приказните кои ги слушаме од оние кои го преживеале насилството, се болни, трогателни и застрашувачки. Сите заедно, мора да се справиме со секој вид на насилство: во домот, на работа, улица, интернет…секаде. Затоа што насилството им штети на семејствата, на економијата, на општеството.

Форумот на жени на ОО на СДСМ Прилеп знае дека крајниот резултат од оваа борба зависи од сите нас.

Доста е! Затоа реагираме! Затоа, да пријавиме! Затоа, да менуваме!

Кажи НЕ на насилството врз жени и девојчиња!

Прочитајте повеќе

Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот

Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот

„Ви се обраќам со длабоко чувство за важноста на двојните избори во среда. Државата ни …