Фотографија на денот: Со АстраЗенека и во црквите

Фотографија на денот: Со АстраЗенека и во црквите

Велика Британија е една од земјите во кои најбрзо се вакцинира. Луѓето на оваа фотографија штотуку пристигнаа на новата локација за вакцинација- во Вестминстерската катедрала во Лондон.

Британците не се осврнуваат на постапките на бројни европски земји кои ставија привремени сопирачки за вакцинацијата со АстраЗенека.

Секој што се сомнева дека националната гордост стои зад ваквата одлука, греши. Се разбира, вакцината на британско-шведскиот производител е развиена во лабораториите во познатиот универзитетски град Оксфорд. Во принцип, довербата во производот веројатно е далеку поголема отколку на континентот.

Меѓутоа, во прв ред здравствените власти се потпираат на голите бројки: единаесет милиони дози на Астразенека веќе се вакцинирани во Велика Британија и досега нема знаци на зголемени појави на тромбоза.

Националната агенција за лекови, МХРА, не остава простор за сомнеж дека вакцинирањето со АстраЗенека во моментов е препорачано:  „Ние ги разгледуваме извештаите, но со оглед на големиот број веќе дадени дози, доказите не сугерираат дека вакцината е причина за тоа“, рече д-р Фил Брајан од МРХА.

Други експерти го поддржуваат ставот на МХРА. Професорот Стивен Еванс од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина вели: „Проблемот со спонтаните извештаи за несакани ефекти на вакцината е огромната тешкотија при разликувањето меѓу каузалноста и случајноста“.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Светските лидери го осудија големиот ирански напад врз Израел, а многу Иранци се загрижени дека …