Генералниот конзул на Грција во посета на Крушево

Генералниот конзул на Грција во посета на Крушево

„Соработката воспоставена меѓу двете земји отвори многу можности за соработка на локално ниво, а Крушево може да развие прекугранична соработка со многу градови од Грција. Исто така, имаме многу сличности со општини од Грција заради местоположбата и инфраструктурата. Затоа, на денешната средба почитуваниот конзул рече дека лично ќе се заложи за поголема соработка и помош на Крушево од областа на туризмот, економската соработка и културата“, изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски, после средбата со конзулот на Грција во Северна Македонија, Александрос Видоурис.

Ова е прва посета на еден Генерален конзул на Крушево, а на средбата беше потенцирано дека Крушево нуди одлични можности за инвестирање, што беше причина за неколкуте реализирани инвестиции од страна на грчки претприемачи.

На средбата присуствуваше и Никола Васко Абаџи, претставник на здружението „Агиу“ кое негува постојани контакти и продуктивни односи со соседна Грција.

Прочитајте повеќе

Температура Топломет

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 67,9 отсто

Трансмисијата на бактерии и вируси е лесна, брза и едноставна во затворени простории, а периодов …