Германија и Финска со нови ковид протоколи за македонски државјани

Германија и Финска со нови ковид протоколи за македонски државјани

Заради ситуацијата со ковид-19 пандемијата, Германија ја врати Република Северна Македонија на листата на ризични земји, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР). Со оваа најнова одлука на германските власти, од државјаните на Северна Македонија први влез во Германија се бара електронско пријавување и поседување на потврда за вакцинација или за прележан ковид-19 или пак негативен ПЦР тест.

За лицата кои не биле заразени со ковид и не се вакцинирани, следува мерката за 10-дневен карантин, при што можат да бидат ослободени најрано на петтиот ден со тестирање за ковид-19. Како што соопшти МНР, од оваа мерка се ослободени невакцинираните деца до шест години, на кои карантинот сепак им се прекинува по пет дена.

Нов протоколи има и во Финска. Сите лица, вклучувајќи и македонски државјани, кои не можат да се вакцинираат против ковид-19 од медицински причини, можат да влезат во оваа земја доколку имаат лекарско уверение кое го покажува тоа, заедно со потврда за негативен ковид тест, не постар од 48 часа. Сите останати лица кои пристигнуваат во Финска, освен оние со регулиран престој, и натаму се задолжени да приложат доказ за целосна вакцинација или оздравување од ковид-19 во изминатите шест месеци заедно со негативен тест не постар од 48 часа.

МНР соопшти и дека Владата на Хонг Конг донела одлука со која Северна Македонија се наоѓа во Група А земји каде се детектирани случаи на омиктрон. Со ова се ограничува влез за наши државјани и странци кои изминатите 21 ден престојувале во Северна Македонија.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …