Д-р Стојанов: За Водици не е проблем бројот на капачи, туку групирањето на луѓето од страна

Секој вид на собир е проблематичен во однос на ширење на Омикрон, независно дали станува збор за верски настан, концерт, дружба в кафеана и слично, па така, проблем е и ако на Водици се организира собир на верници, смета епидемиологот д-р Александар Стојанов. Според него, не се проблем капачите, колку што се проблем луѓето кои ќе стојат покрај водата едни до други.

Инаку, денеска во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ има литургија од 9 часот, а оттаму поглаварот на Македонската православна црква-ОА, со свештениците на мостот кај хотелот „Холидеј ин“ во Вардар ќе го фрли крстот. Предвидено е да има десетина капачи.

„Две години зборуваме дека е проблем лажичето во црква кога има причестување, дека се проблем литиите, џамиите кои беа полни кога беше Бајрам, а сега еве пак зборуваме за Водици. Луѓето кои стојат на страна и ги гледаат капачите, ќе бидат еден до друг. Секое собирање е ризик, независно дали е погреб, дали е метеж на плажа, дали е седенка во ресторан“, смета д-р Стојанов.

Поради пандемијата од ковид-19, лани, празникот Водици беше одбележан само во црковните храмови со утрински богослужби и осветување на вода.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …