Искра Гешоска

Гете-медалот оди во Северна Македонија, во рацете на Искра Гешоска

Гете-медалот ќе го додели претседателката на Гете-институт Карола Ленц на церемонија на 28 август 2024 година во Вајмар, на денот на раѓањето на Гете

Од 1955 година Гете-институт, еднаш годишно го доделува Гете-медалот како официјално почесно одликување на Сојузна Република Германија и е најважната награда на надворешната културна политика. Кандидатите/кандидатките се номинирани од Гете-институтите ширум светот во координација со германските амбасади.

Гете медалот за 2024 година го добиваат историчарката на уметност и културна менаџерка Искра Гешоска од Северна Македонија, литературната преведувачка и толкувачка Клаудија Кабрера од Мексико и Кармен Ромеро Кверо, основачка и директорка на чилеанскиот театарски фестивал од Чиле „Teatro a Mil“.

Гете-медалот ќе го додели претседателката на Гете-институт Карола Ленц на церемонија на 28 август 2024 година во Вајмар, на денот на раѓањето на Гете.

Од првото доделување во 1955 годинa наградени се вкупно 380 личности од 70 земји, меѓу кои Јури Андрухович, Даниел Баренбоим, Дејвид Корнвел алиас Џон ле Каре, принцезата Софија Губаидулина, Агнес Хелер, Петрос Маркарис, Ширин Нешат, Ирина Шиер, Хорхе Семпрун, Роберт Вилсон и Хелен Волф.

Карола Ленц, претседателката на Гете-институт, во своето соопштение истакнува:

„Токму во време на различни кризи и поларизирачки дебати како денес, потребна ни е отвореност за различни перспективи во светот, подготвеност да учиме едни од други и да градиме доверливи врски во општеството, но и меѓу различни општества. Овогодинешните добитнички на извонреден начин се залагаат токму за вакви поврзувања и меѓународно разбирање. Клаудија Кабрера, преку сопствените преводи и нејзината посветеност на професионализацијата на преведувачката работа, истакнува дека литературата на германски јазик во Латинска Америка добива видливост. Искра Гешоска ја промовира самодовербата и европското вмрежување на младата уметничка сцена во Северна Македонија преку невладината организација што ја основала како и бројни фестивали. И Кармен Ромеро Керо, како основачка на театар и кураторка, им дава на децата и младите особено пристап до театарот, а со тоа и пристап до другите светови. Сите три добитнички на наградата не се обесхрабрени од противничките струи и пречки. Затоа, многу сум среќна што оваа година со Гете-медалот го наградуваме енергичниот и неуморен ангажман на овие три жени “.

Томас Оберендер, претседател на комисијата за доделување на Гете-медалјата, изборот на добитниците го објаснува вака:

„Заедничко им е што тие се основачки и раководителки на фестивали, здруженија или медиуми кои ги уриваат јазичните и мисловните бариери и поставуваат револуционерни импулси во однос на културната политика. Тие се пронаоѓачки на креативни формати за настани и веќе неколку децении ја рефлектираат локалната социјална и политичка ситуација во Латинска Америка и Источна Европа на храбар и иновативен начин“.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Вебинар онлајн

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се …