КОВИД-19

Главниот координативен кризен штаб за справување со КОВИД-19 со препорака до Владата за кратење на периодот на изолација од 10 на 7 дена

Синоќа, Главниот координативен кризен штаб ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство, Беким Сали ја презентираше актуелната состојба со пандемијата предизвикана од КОВИД-19.

На седницата е усвоена препорака за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР ковид тест, од 10 на 7 дена.

Препораката е врз основа на предлог на Комисијата за заразни болести, поради полесната клиничка слика предизвикана од омикрон сојот.

Препораката е доставена до Владата и за неа ќе се дискутира на следната владина седница.

Прочитајте повеќе

Социјални медиуми

Инфлуенсерите со повеќе од 10.000 следбеници треба да се регистрираат во АВМУ

Со измените на медиумската легислатива што стапија на сила во јули 2023 година, за првпат …