Горан Сугарески поднесе оставка од функцијата претседател на Надзорниот одбор на СДСМ

Горан Сугарески поднесе оставка од функцијата претседател на Надзорниот одбор на СДСМ

Како резултат на поразот кој СДСМ го доживеа на последните локални избори, поранешниот министер за транспорт и врски, директор на Царинската управа и пратеник, Горан Сугарески поднесе оставка од функцијата претседател на Надзорниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Во оставката која Сугарески ја достави до раководството на партијата, се вели:

Почитувани,

Во знак на морална одговорност за неуспехот на локалните избори, како на локално така и на централно ниво, поднесувам оставка од функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ.

Извршувањето високи партиски и државни функции, покрај другото подразбира и одговорност кон граѓаните и членовите на нашата партија. Во таа насока, оставката претставува мој придонес за што побрза консолидација на партијата и што поскоро враќање на победничките патеки.

Упатувам благодарност на актуелното партиско раководство, како и на сите членови на партијата за укажаната можност да извршувам високи партиски функции, меѓу кои и последната, претседател и член на Надзорниот одбор.

Јас сум социјалдемократ, секогаш тоа и ќе бидам. Останувам верен на партијата и се ставам на располагање за било каков понатамошен ангажман.

После најавената оставка на претседателот Зоран Заев, Сугарески е првиот функционер на СДСМ кој ја напушта функцијата после неодамнешниот изборен пораз.

Прочитајте повеќе

Д-р: Филипче

Д-р: Филипче: Шансите да го поправиме изборниот резултат се добри

Јас никогаш не се откажувам. Во најтешките моменти во мојата кариера, а такви имало многу, …