Горан Тиловски реизбран за претседател на Пингпонгарската федерација

Вчера Пингпонгарската федерација го одржа своето редовно изборно собрание, на кое делегатите бираа претседател, потпретседател, управен одбор и надзорен одбор на Пингпонгарската федерација на Македонија (ППФМ).

На собранието учествуваа 30 делегати од вкупно 34 клубови, кои се членови на ППФМ. Гости на изборното собрание беа претставниците на АМС, Огнен Стојановски и Генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски.

На гласањето, за претседател на ППФМ со големо мнозинство од присутните делегати, Горан Тиловски беше реизбран за прв човек на Федерацијата, кој ќе ја води ППФМ и во наредните 4 години. За потпретседател беше избран Златко Рикалоски, кој таа функција ја извршуваше и во изминатите 4 години.

Под водството на Тиловски и Рикаловски, пинг-понгот на организациски план доживеа вистинска ренесанса. Организирано беше Балканско првенство, како и турнир од челинџ серијата за кадети и јуниори под покровителство на ИТТФ.

Исто така, во изминатиот период пред почетокот на ковид кризата, голем број на млади играчи беа испратени во тренинг кампови ширум Европа, кои беа водени од еминентни тренерски имиња од европскиот пинг-понг.

Тиловски во своето обраќање пред делегатите истакна дека плановите на ППФМ за следниот период се обезбедување финансиска стабилност на ППФМ, поддршка на клубовите кои работат со тренинг школи за младите категории на играчи, поттик на младите за поактивно вклучување во пинг-понгот со цел зголемување на бројот на регистрирани млади играчи, како и решавање на инфраструктурниот проблем од недостиг на објект во сопственост на Федерацијата.

Прочитајте повеќе

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Екипата на Канзас Сити Чифс ја одбрани шампионската титула во НФЛ, откако ноќеска во Лас …